Месецот јуни е резервиран за репрезентативни акции, а жестоко беше и во полуфиналето на Лигата на нации во зоната Конкакаф, каде се сретнаа големите ривали САД и Мексико.
САД победија со 3:0, односно тој резултат беше на сила до 89. минута, кога судијата Бартон од Салвадор реши да го прекине натпреварот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Прекинот дојде по навредите на домашните навивачи кои наводно биле хомофобични скандирања.
Споменатата ситуација можете да ја погледнете ТУКА.
Натпреварот се одигра во многу остра и груба игра со многу нервоза, а беа прикажани четири црвени картони.
Двоен стрелец за САД беше Пулишиќ во 37. и 46. минута, а погоди и Пепи во 79. минута.
За жал, средбата ќе остане запаметена по прекинот, скандирањето и многу нервозната игра.
Во финалето на Лигата на нации во Конкакаф, САД ќе играат против Канада, која во полуфиналето беше подобра од Панама со 0:2.