Ѕвездата на Јувентус, Матијас де Лихт е новата голема желба на менаџерот на Челзи, Томас Тухел.
„Сините“ до последниот момент од летниот преоден рок се обидуваа да го донесат Жил Кунде од Севиља, но сега ќе се насочат кон Де Лихт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неговиот агент Мино Раиола најави дека Холанѓанецот може да го напушти Јувентус на крајот на сезоната.
Медиумите на Островот тврдат дека раководството на Челзи веќе започнало преговори и работи на трансферот на Де Лихт, кој има откупна клаузула од 150 милиони евра.
Челзи ова лето го сруши трансфер рекордот кога плати 115 милиони евра за Ромелу Лукаку, а сега се спремни да платат 100 милиони евра, што е рекордна сума за еден дефанзивец.