Челзи покажува сериозен интерес за ѕвездата на Барселона, Антоан Гризман“, пренесуваат медиумите на Островот.
„Сините“ бараат квалитетно засилување за нападот, а Гризман е една од опциите во моментов заедно со Ерлинг Халанд.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Во исто време Барселона бара начин како да ги намали расходите, а Гризман е еден од најплатените фудбалери на „Камп Ноу“ во моментов.
После доаѓањето на Агуеро и Депај, Каталонците се спремни да го продадат Французинот, а Челзи сака да ја искористи таквата ситуација.
Во Барселона се спремни дури да го дадат Гризман на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето, а покрај Челзи интерес за 30-годишниот Французин покажува и Манчестер Сити.