Челзи спрема понуда за дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт, пренесуваат италијанските медиуми.
„Сините“ ова лето ќе останат без Кристенсен и Рудигер, па сакаат да донесат најмалку еден врвен дефанзивец, а прва желба на Тухел е токму Де Лихт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Холанѓанецот е заинтересиран за преселба во Премиер лигата, но во неговиот договор со Јувентус има откупна клаузула од 120 милиони евра.
Челзи не е спремен да ја плати таа сума, па во наредните денови ќе испрати понуда од 70 милиони евра.
„Скај Италија“ тврди дека Јувентус сериозно ќе ја разгледа оваа понуда бидејќи Де Лихт ги стопира преговорите за продолжување на соработката со „старата дама“.