Челзи и Манчестер Јунајтед одиграа вистински трилер меч со седум гола, кој на крај му припадна на „сините“ со конечни 4:3.
Манчестер Јунајтед имаше водство од 2:3 до 100-та минута, а потоа Кол Палмер со два гола во две минути креираше пресврт за паметење.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челзи рано дојде до воство со голот на Галагер, а Палмер во 19-та минута зголеми на 2:0. Потоа следуваше пресврт на „црвените ѓаволи“ со головите на Фернандес и два на Гарначо.
Диого Далот направи пенал во последната минута од судиското продолжение, а сигурен реализатор беше Палмер. Истиот играч веќе во следната акција погоди за хет-трик и голема победа.