Голема прашина се крена во фудбалската јавност поради потегот на голманот на Челзи Кепа Аризабалага во финалето од Лига Купот против Манчестер Сити.
Баскискиот како што е познато одби да го напушти теренот иако Маурицио Сари сакаше во пенал серијата на голот да го испрати Вили Кабаљеро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчера поголемиот дел од медиумите на Островот пишуваа дека Аризабалага ќе помине неказнето, но сега се доби потврда за спротивното – Кепа е казнет.
Казната за него и можеби не е кој знае каков удар, но јасно покажува дека во Челзи не го оправдуваат тоа што го направи на теренот. Кепа е казнет со една неделна плата која место на неговата сметка ќе оди во хуманитарни цели.
После казната се огласи и самиот голман.
„После се многу размислував за целата ситуација. Иако како што веќе соопштив се беше недоразбирање, направив грешка бидејќи не реагирав на начин на кој требаше. Се извинив на сите лично, тренерот, мојот колега Вили Кабаљеро и соиграчите во клубот. Сега сакам да им се извинам на навивачите. Од оваа епизода ќе извлечам лекција и ќе ја прифатам казната од клубот“, изјави Кепа.
Во медиумите повторно зборуваше и Сари.
„Кепа и јас веќе разговаравме за тоа што се случи. Имаше недоразбирање и самиот сфати дека подоцна направи голема грешка. Ми се извини на мене и на соиграчите“, порача Сари.
Live scenes of Chelsea goal keeper Kepa Arrizabalaga and Sarri. Man wants to finish the match?.#CHEMCI pic.twitter.com/vojAennPdc
— Chemical Boy ✌️ (@Chemicalboyy) February 24, 2019