Челзи и Ливерпул се вклучуваат во трката за потписот на ѕвездата на ПСЖ, Хавиер Пасторе, пренесуваат англиските медиуми.
Аргентинецот најверојатно ќе биде продаден во зимскиот преоден рок со оглед на фактот што не добива голема минутажа кај Емери.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
ПСЖ за неговата слобода ќе бара околу 30 милиони фунти, сума која се спремни да ја платат двата англиски гиганти.
Англиските медиуми тврдат дека Челзи и Ливерпул веќе почнале да работат на трансферот на 28-годишниот Аргентинец.
Пасторе ќе биде еден од играчите кои „светците“ со сигурност ќе го продадат поради финансискиот фер-плеј.