Дома Трансфер зона Челзи го купува талентот на Арсенал

Челзи го купува талентот на Арсенал

Челзи е силно заинтересиран за младиот напаѓач на Арсенал, Фоларин Балогун, пресуваат медиумите на Островот.

На „Стемфорд Бриџ“ не запираат со засилувањата, а приоритет до крајот на преодиот рок ќе биде доведување на нов напаѓач.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


21-годишниот младински репрезентативец на Англија минатата сезона играше на позајмица во Ремс, каде постигна 21 гол на 37 натпревари во Лига 1.

Арсенал е спремен да го продаде со оглед на фактот дека не е прв избор, а Челзи е спремен да ја победи конкуренцијата.

„Сините“ се спремни да платат 40 милиони фунти колку што бара Арсенал и сакаат што побрзо да го комплетираат трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…