Италијанскиот гигант Милан е силно заинтересиран за младиот напаѓач на Арсенал, Фоларин Балогун.
Приоритет на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на напаѓач, а после неуспехот да го доведе Турам сега се насочува кон други имиња.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
21-годишниот младински репрезентативец на Англија минатата сезона играше на позајмица со Ремс и блесна во Лига 1.
Балогун постигна 21 гол на 37 натпревари во Лига 1, а Арсенал е спремен да го продаде ова лето.
Тој има договор со Арсенал до 2025 година, а „топџиите“ за неговата слобода бараат 40 милиони евра.
Милан го посочил Балогун како примарна трансфер цел за нападот, а ќе се обиде да ја намали сумата преку преговори и е спремен да понуди 30 милиони евра.
🇺🇸 Il Milan vorrebbe regalare Balogun a Pioli. Operazione complicata per l’alta valutazione (40 milioni). L’idea c’è e può diventare qualcosa di più nei prossimi giorni
— Daniele Longo (@86_longo) July 12, 2023