Менаџерот на Антонио Конте е во потрага по напаѓач и лев бек.
Фановите на Челзи веројатно се и по малку загрижени за трансфер политиката која ја води актуелниот шампион. „Сините“ во последно време се распрашуваа за Енди Керол, а потоа следуваше и интерес за Питер Крауч, тука беше јасно дека „сините“ го изгубија компасот…Додека тоа што Конте не успева да го доведе Фернандо Љоренте е друга работа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Италијанецот ќе се обиде да реши два проблема со еден потег.
Имено како што пренесуваат италијанските медиуми, Челзи ќе се обиде да ги доведе Един Џеко и Емерсон Палмери од Рома.
Последните денови во медиумите на Чизмата и Островот пишуваа за интересот за Емерсон, а во текот на вчерашниот ден се појави информација дека клубот веќе ја спремил понудата.
Секогаш добро известениот италијански новинар на „Скај“ Џанлука Ди Марцио пренесува дека Челзи е спремен да испрати 50 милиони евра, плус Мичу Батшуаи за во пакет да ги добие Един Џеко и Емерсон.
Тренерот на Рома, Еузебио Ди Франческо како и спортскиот директор Мончи до овој момент не сакаа да слушнат за продажба на Џеко, но останува да се види како ќе реагира клубот по оваа понуда.