Тимот на Челзи ги подели броевите за новата сезона, а со тоа и потврди едно заминување.
При поделбата на бројките Рос Баркли остана без број и тоа е јасен знак дека клубот ќе си замине.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Поранешниот фудбалер на Евертон минатата сезона како позајмен играч настапуваше за Астон Вила и постигна три гола на 24 натпревари.
„Осумката“ која ја носеше Баркли во новата сезона му е доделена на Матео Ковачиќ кој минатата сезона играше со „17-ка“.
Според шпекулациите од Островот Вест Хем покажал интерес за Баркли.