Барселона спрема голема реконструкција во одбраната, а прва желба е дефанзивецот на Челзи, Андреас Кристенсен, пренесуваат шпанските медиуми.




Челзи не може да се договори со Кристенсен за нов договор и преговорите се во застој во моментов. Неговиот договор со „сините“ истекува во јуни 2022 година и тој веќе е слободен да преговара со други клубови.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Барселона сака да ја искористи таквата ситуација, но треба да ја победи конкуренцијата бидејќи дефанзивецот е на мета на многу европски гиганти.




Каталонците веќе стапиле во контакт со неговиот агент и спремаат понуда за да го донесат Кристенсен на лето без обештетување.




Барселона исто така е заинтересирана и за Николас Зуле од Баерн Минхен, кој исто така на лето ќе биде слободен агент.