Барселона многу потешко од очекувањата вчера ја победи Алмерија со 3:2, а тренерот Чави Ернандез стави до знаење дека и покрај освоените три бода не е задоволен од изданието на својот тим.
Чави беше бесен поради недоволното залагање на неговите фудбалери, пред се во првото полувреме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не можам да прифатам дека игравме на таков начин во првото полувреме, како да не бевме заинтересирани…тоа е моја вина и ви ветувам дека нема да се повтори. Секогаш сакам да видам страст од фудбалерите, ние не бевме агресивни.
Ова не е Барса од 2010 година, па да победуваме и кога не трчаме, не се освојуваат трофеи ако не се борите за секоја топка. Од трибините слушнав свирежи, нормално дека не ми се допаѓаат, меѓутоа ги разбирам луѓето“, изјави Чави.