Дома Топ вести Чави: Сакам да се вратам во Барселона!

Чави: Сакам да се вратам во Барселона!

Ситуацијата со Чави и Барселона се претвара во вистинска сапуница.

Денес од Ал-Ахли пред натпреварот со Ал-Духаи порачаа дека немаат намера да го пуштат Чави во Барселона, но работите можат да се променат откако Чави сега јавно кажа дека сака да се врати во Каталонија.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


„Сакам да се вратам во Барселона, тоа е мојот дом. Двата клуба преговараат и тие треба да решат. Возбуден сум, но не смеам да коментирам ништо затоа што имам договор со Ал Сад. Се надевам дека на крајот преговорите ќе бидат успешни“, изјави Чави по мечот кој заврши без победник 3:3.

Договорот со Ал-Сад на Чави е со важност до 2023. Останува да видиме дали работите ќе се променат и во Ал-Сад ќе попуштат по јасниот одговор на Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Скандалозни сцени на крајот од натпреварот: Ѕвездите на Еквадор во жесток меѓусебен дуел

Иако беше време за славење поради ремито против Мексико и пласманот во нокаут фазата на Ко…