Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Чави: Ова беше најдоброто финале кое сум го гледал

Чави: Ова беше најдоброто финале кое сум го гледал

Тренерот на Барселона, Чави ја поздрави аргентиската ѕвезда и негов пријател Лионел Меси за освоената светска титула во Катар.

Аргентина во финалето ја победи Франција, а Чави истакна дека тоа било најубавото финале кое некогаш го гледал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Тоа беше неверојатен меч за публиката, еден од најдобрите кои сум ги гледал во животот. Мислам дека Аргентина беше подобра и заслужи победа. Жалам за моите играчи Дембеле и Кунде, но треба да го поздравам Меси кој конечно го освои трофејот кој му недостасуваше. Лео е најдобриот фудбалер во историјата и мој пријател“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Донарума остана без својата „99-ка“, а не можеше да ја земе ниту „единицата“

Џанлуиџи Донарума направи трансфер ова лето, а сега е познато кој број ќе го носи во редов…