Дома Фудбал Чави: Меси е „црната мачка“ на Реал Мадрид

Чави: Меси е „црната мачка“ на Реал Мадрид

Легендата на шпанскиот фудбал, Чави Ернандес го коментираше престојниот дуел помеѓу Барселона и Реал Мадрид, кој на програмата е утре.

Чави во интервју за „Мундо Депортиво“ истакна дека Меси е човекот кој ќе ја направи разликата и го опиша Аргентинецот како „црна мачка“ за Реал Мадрид.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Меси е црната мачка на Реал Мадрид во последните 10-15 години. Сите тимови страдаат од него, но Реал најмногу. Бернабеу има голем респект кон Лео, бидејќи во последните години ја прави разликата на многу натпревари, постигна многу голови и е во состојба да направи се“, истакна Чави.

„Сметам дека Барселона ќе доминира во натпреварот. Барса е во добра форма, но сметам дека играта може да се подобри. Сепак, најважен е резултатот“, заклучи легендарниот плејмејкер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најголемо промашување во историјата, вакво нешто никогаш не сте виделе – дури и да сакаше немаше да го направи ова (Видео)

Фудбалот како најважна споредна работа на светот привлекува големо внимание од јавноста, н…