Дома Фудбал Чави за Халанд: Не постои играч кој ја одбил Барселона

Чави за Халанд: Не постои играч кој ја одбил Барселона

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес увери дека ниту еден фудбалер на одбил да дојде во клубот, откако тој го презеде кормилото на тимот.

На овој начин Чави одговори на прашањето како може да го убеди Ерлинг Халанд да дојде на „Камп Ноу“ на лето.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми тврдат дека Чави имал средба со голгетерот на Борусија Дортмунд, но тренерот одби да го потврди тоа.

„Средба со Халанд? Секогаш е добар момент да потпишеш за Барса, ова е најдобриот клиб во светот. Откако сум тука, ниту еден фудбалер не и кажал „не“ на Барса. Ве уверувам во тоа. Кога сакаме да потпишеме со некој играч и можеме да зборуваме со него, го користиме тој модел. Градот е исто така прекрасен, секој би сакал да игра тука“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спорт: Дани Олмо ги одбива неверојатните понуди и останува во Барселона

Амбициозниот обид на Арсенал да ја доведе ѕвездата на Барселона, Дани Олмо, заврши неуспеш…