Дома Фудбал Останато Чави би можел повторно да се соработува со Гвардиола

Чави би можел повторно да се соработува со Гвардиола

Чави летото 2015. година одлучи да ја напушти Барселона и својата кариера да ја продолжи во Катар.

Иако договорот со Ал Сад му истекува на крајот на оваа сезона, легендарниот Шпанец одлучи дека се уште не е време за пензија и дека во дресот на катарската екипа ќе игра до крајот на следната сезона.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Сепак, шпанските медиуми пренесуваат дека поранешниот репрезентативец на Шпанија би можел да се предомисли, бидејќи добил неочекувана понуда. Наводно, тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го контактирал Чави и му понудил место во стручниот штаб во екипата од „Етихад“.

Овој 37-годишен фудбалер се уште не ги коментираше наводите од шпанските медиуми, кои тврдат дека тој наскоро ќе отпатува во Лондон за да се состане со Гвардиола. Доколку Чави одлучи да ја прекине соработката со Ал Сад, трошоците за сето тоа би требало да ги покрие Манчестер Сити.

Би било интересно да го видиме Чави во улога на асистент на Пеп Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

(Видео) Фудбалски судија ја застрелал својата девојка во Мостар, па сакал да си „пресуди“

Босанските медиуми пишуваат дека Анис Калајџиќ, кој е фудбалски судија со големо искуство …