Барселона синоќа се спаси од пораз од Интер на „Камп Ноу“, но е пред елиминација од Лигата на шампиони.
Тренерот на Каталонците, Чави е свесен дека неговиот тим одигра под очекувањата и дека направи многу грешки, особено во одбраната.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
„Кога не можете да го победите Интер дома, не заслужувате да одите во нок-аут фаза. Направивме многу грешки, не се браневме добро. Интензитетот беше одличен во првиот дел, но не го задржавме во продолжението од мечот“, изјави Чави.
„Лигата на шампиони е сурова со нас. Од Минхен, Милано па вечерва, заслуживме повеќе. Одигравме одлично во првото полувреме, на пауза заминавме задоволни, но во второто полувреме му дозволивме многу шанси на противникот, направивме сериозни грешки во одбрана и тие скапо се плаќаат во Лигата на шампиони. Не е само напад, треба да се игра и одбрана“, додаде тренерот на Каталонците.