Дома Трансфер зона Црвена Звезда го продава „Српскиот Меси“ за 15 милиони евра?!

Црвена Звезда го продава „Српскиот Меси“ за 15 милиони евра?!

Андрија Максимовиќ со само 17 години е стандарден репрезентативец на Црвена Звезда, а во саботата го запиша и своето деби за репрезентацијата на Србија.

Поради неговата возраст многумина го споредуваат со Ламин Јамал со кого се иста генерација.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сега германскиот новинар на „Скај Спорт“ ,Флоријан Петернберг тврди дека неколку гиганти веќе ги следат неговите настапи. Најконкретна наводно била Борусија Дортмунд која на Звезда според информациите е спремна да и плати 15 милиони евра.

Во случај ваквите најави да се остварат Максимовиќ би станал најскап фудбалер во историјата на српскиот клуб. Рекордот засега го држи Горан Дурлиќ за кого Црвена Звезда заработи 13 милиони евра со продажбата во Сарагоса во 2001 година.

Помеѓу најскапо платените играчи на Звезда е и Дарко Панчев со сумата од 12 милиони евра за преселба во Интер. Одлично заработи српскиот клуб и кога Дејан Станковиќ премина во Лацио во 1998 година (12.4 милиони евра).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Само два клуба можат да си го дозволат Флоријан Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на гигантите ширум Европ…