Во четвртото коло од втората лига во Бразил се сретнаа Гоиас и Вила Нова. Гостите славеа победа со 1:3, но резултатот на оваа средба беше во втор план бидејќи домашните навивачите предизвикаа вистинска војна на трибнините.
Се започна во моментот кога Вила Нова го постигна својот трет погодок, а најжестоките навивачи започнаа да палат дресови и знамиња на клубот. Тоа не им се допадна на остатокот од навивачите кои кои ги нападнаа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во целата ситуација се вмеша полицијата, но беа во подредена положба. Најмалку 10 полициски службеници беа повредени, а еден од нив претрпел и потешки повреди на главата, по што бил пренесен во болница. На крајот полицијата сепак успеа да ја смири ситуацијата, а неколку навивачи беа приведени.