Oткако се комплетираше второто коло во Европската лига ЕХФ како и секогаш ги објави најдобрите голови во оваа рунда.
Во изборот на петтата позиција се најде македонскиот капитен и селектор Кирил Лазаров. Лазаров одлично го заврши цепелинот кој му го намести Мине. Помеѓу топ 5, на втората позиција влезе голот на Јосип Периќ со кој Еурофарм Пелистер дојде до бод со звукот на сирената против Кадетен Шафхаузен во Швајцарија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На врвот се најде Игнасио Плаза кој со својот гол во последните секунди донесе победа на АЕК против Ним. ТОП 5 головите можете да ги погледнете – тука.