Вчера сите поголеми италијански медиуми објавуваа дека трансферот на Елмас во редовите на Наполи е завршена работа и дека тој ќе стане најскапиот македонски фудбалер.
Трансферот според најавите требаше да изнесува 18 милиони евра (15 веднаш и три како бонуси), но изгледа од тоа нема ништо, барем според она што го кажа самиот Елмас.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Елмас деновите на одмор ги помина во Грција, а потоа место да се упати за Неапол како што се најавуваше се врати во Инстанбул.
Македонскиот фудбалер на аеродромот беше дочекан како ѕвезда, но бил и запрашан за неговиот трансфер, на што тој одговорил:
„Не знам ништо за некаков трансфер. Знам само дека треба да се приклучам на припремите на Фенербахче“, гласел одговорот на Елмас.