Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се вклучи во акцијата за помош на малиот Јаков.
Откако фудбалските репрезентативци продадоа заеднички потпишана фотографија сега Ѓорческа го продава својот рекет како донација за Јаков.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јаков на само свои 2 години мораше да помине низ две тешки операции за два пати да му биде отстранет тумор, при што мораше да го изгуби и едниот бубрег. Заради специфичната моментална здраствена состојба, малиот Јаков мора итно да замине во странство за да го продолжи своето лекување.
Поради тоа објавуваме дека победничкиот рекет на Лина Ѓорческа е на аукција и приходите ќе бидат наменети за лекување на Јаков, сите заинтересирани можат да се обратат во порака“, стои во објавата на фан страницата на Лина.