Иван Јуриќ го наследи Даниеле Де Роси, но во клубот сега бараат замена и за извршната директор Лина Солукоко која си поднесе оставка.
Според последните информации, нов директор на „волчицата“ може да биде Хрватот Звонимир Бобан кој во минатото работеше во Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува дека токму Гркинката стоела зад отказот на Де Роси поради што добивала критики и закани од одреден број навивачи. Тие закани биле и причината да се повлече.
Последните информации говорат дека Бобан кој во овој момент е без ангажман е главен фаворит да ја наследи, иако се споменуваа и уште неколку имиња.
Бобан во својата кариера имаше и ангажман во УЕФА, а си замина по несогласувањата со Чеферин.