Дома Фудбал Репрезентации Хрватите покажаа големина: Ќе испратат дресови до спасените момчиња од Тајланд

Хрватите покажаа големина: Ќе испратат дресови до спасените момчиња од Тајланд

Голем потег на хрватскиот фудбалски сојуз!

Имено, како што најавуваат медиумите во Хрватска сојузот на оваа земја ќе додели дресови на 12-те тајландски момчиња кои после 15 дена беа извлечени од пешетерата во која беа заробени поради обилните дождови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„После враќањето на хрватската репрезентација од Светското првенство во Русија, Хрватскиот фудбалски сојуз и претседателот Давор Шукер донесоа одлука да се испратат 12 дресови на младите фудбалери од Тајланд кој поради големите дождови беа заробени во пештерата“, стои во соопштението од сојузот.

Mладите тајландски фудбалери во среда прв пат откако беа спасени се обратија до јавноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Роналдо денеска разбра дека е само обичен фудбалер во С. Арабија

Кристијано Роналдо одбива да игра за Ал Наср. Поради внатрешни несогласувања околу политик…