Хрватскиот стратег Игор Тудор наскоро би требало да стане нов тренер на Наполи, пренесуваат италијанските медиуми.
По киксот на Наполи против Унион Берлин на домашен терен и поразот пред своите навивачи во првенството од Емполи, Руди Гарсија е пред отказ. Се уште нема официјална потврда, меѓутоа медиумите во Италија тврдат дека Де Лаурентис ја донел одлуката.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Исто така следи репрезентативна пауза, па новиот тренер би имал нешто повеќе време до следниот натпревар на Наполи, па затоа се смета дека ова е моментот кога ќе дојде до промена на клупата.
Смената на клупата на Наполи можеби ќе биде добра работа и за македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас кој под водство на Гарсија добиваше уште помалку минутажа од минатата година кај Спалети.
За Тудор од друга страна ова би било враќање во Серија А каде што како играч помина голем дел од кариерата во Јувентус, а потоа во клубот од Торино беше и помошник. Самостојно ги водеше Удинезе и Верона. Последниот ангажман го имаше во Марсеј минатата сезона.