Дома Трансфер зона Хрват може да биде нов тренер на Севиља?

Хрват може да биде нов тренер на Севиља?

Наследникот на Кике Санчез Флорес на клупата на Севиља би можел да биде хрватски стратег.

Шпанските медиуми пренесуваат дека прв кандидат за оваа функција е актуелниот тренер на Торино, Иван Јуриќ.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Неговиот договор со овој италијански тим истекува на крајот на сезоната и тој ќе може слободно да избере нова работа.

Јуриќ на тој начин би се вратил во клубот за кој своевремено настапуваше од 1997 до 2001 година. Хрватскиот тренер го водеше Торино во претходните три сезони.

Досега како тренер работеше исклучиво во Италија каде раководеше и со Верона, Џенова, Кротоне и Мантова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…