Поранешниот светски боксерски шампион во тешка категорија, Американецот Ивандер Холифилд, кој на 19 октомври ќе го прослави 57-ми роденден, планира да одржи ревијален меч во Јапонија во 2020 година.
Точното место на натпреварот и противникот се уште не се познати, но тој се согласи да се врати во рингот поради добротворни цели, а не за да заработи пари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Главната работа е да им се даде на луѓето во Јапонија можност да го видат единствениот четирикратен светски шампион во тешка категорија“, изјави Американецот.
Холифилд ја одржа својата последна борба во професионалниот ринг во 2011 година против Брајан Нилсен. Победи со технички нокаут во 10. рунда.