Напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименес откри дека Јувентус и Манчестер Jунајтед биле силно заинтересирани за него ова лето.
Мексиканскиот напаѓач игра фантастично во дресот на Вулверхемптон, па на негова адреса пристигнале понуди од двата европски гиганти.
„Еден ден дознав дека Јувентус и Манчестер Јунајтед сакаа да ме купат. Знам дека имаше понуди и преговори. Сепак, не беше постигнат договор“, откри Хименес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Среќен сум во Вулверхемптон. Нема ништо лошо во тоа да се биде таму каде што се чувствуваш добро. Екипата знае дека не сум задоволен од мојата форма и сакам да играм подобро“, додаде Хименес.
Оваа сезона Хименес одигра девет натпревари за Вулверхемптон на кои постигна четири гола.