Дома Фудбал Глупост на Раул Хименез: За неполна минута доби два жолти картони против Сити 🎥

Глупост на Раул Хименез: За неполна минута доби два жолти картони против Сити 🎥

Манчестер Сити денес минимално го победи Вулвс со 0:1, а влијание на резултатот секако имаше и црвениот картон на Раул Хименез.

Хименез на бизарен начин за неполна минута заработи два жолти картони. Во судиското продолжение Хименез направи фаул за кој доби жолт картон. Веднаш потоа го блокираше изведувањето на прекршокот па доби и втор жолт картон со што го заврши натпреварот предвреме.

Избраниците на Пеп Гвардиола го искористија тоа и до крајот го решија натпреварот во своја корист.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рафиња со хет-трик го освои „Риазор“: Барселона петпати погоди против Депортиво!

Барселона славеше со 5-1 на гостувањето кај Депортиво, а Рафиња ги постигна сите три гола …