Напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез, синоќа против Арснеал се здобил со фрактура на черепот, после еден дуел со Давид Луиз.
Луис и Хименез се удрија со главите, Мексиканецот веднаш беше хоспитализиран, додека Бразилецот го одигра првото полувреме, а потоа беше заменет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вулверхемптон денес објавија дека синоќа Хименез бил итно опериран и дека се чувствува добро.
„По операцијата која беше извршена во Лондон, Раул е стабилен, се чувствува добро. Ќе остане во болницата неколку дена, потоа ќе започне со рехабилитацијата. Клубот испраќа благодарност до лекарскиот тим на Арсенал и до лекарите и болничарите во болницата во Лондон, за брзата реакција и успешно извршената операција. Би ги замолиле навивачите и новинарите, да не ја нарушуваат приватноста на Раул и неговото семејство. Кога ќе има информации за неговата здравствена состојба, ние како клуб ќе ги објавиме“, се вели во соопштението од Вулверхемптон.
Raul is comfortable following an operation last night, which he underwent in a London hospital.
— Wolves (@Wolves) November 30, 2020
He has our love and support as he begins a period of recovery.
We're all with you, @Raul_Jimenez9.