Бившиот напаѓач на Реал Мадрид и ПСЖ, Хесе Родригез даде интересен коментар за изборот на Килијан Мбапе да остане во Париз и да го одбие „кралскиот“ клуб.




Хесе смета дека Мбапе имал сериозен притисок од луѓе надвор од фудбалот и тоа влијаело на неговата одлука да остане во ПСЖ.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Мбапе беше пред трансфер во Реал Мадрид, но на крајот одлучи да остане во ПСЖ и потпиша нов тригодишен договор.




„Бев многу изненаден од тоа што се случи, бидејќи тој самиот ми кажа дека ќе дојде во Реал Мадрид. Не знам зошто не се случи, но мислам дека тоа се долчи на притисок од моќни луѓе надвор од фудбалот. Тоа е моето мислење, Килијан е многу важен за Париз и Франција“, изјави Хесе.