Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Херојот на Аргентина: Голот е за моето семејство, овој тим заслужува се!

Херојот на Аргентина: Голот е за моето семејство, овој тим заслужува се!

Аргентина вечерва ја победи Нигерија и обезнеди пласман во 1/8 финалето каде што ќе игра против Франција, а херој на „Гаучосите“ беше, Маркус Рохо.

„Гаучосите“ имаа неповолен резултат се до 86 минута, а тогаш се појави Маркус Рохо кој погоди со волеј удар и ја одведе Аргентина во 1/8 финалето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


После натпреварот очекувано херојот на Аргентинците блескаше од среќа.

„После поразот од Хрватска бевме соединети повеќе од било кога. Што да кажам, пресреќен сум поради овој погодок. Голот е за моето семејство и овој тим е тим кој заслужува се. Вамос Аргентина“, порача Рохо.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Винисиус откри детали од соблекувалната на Реал Мадрид: „Модриќ се лутеше секој пат кога…“

Фудбалската јавност ја заинтригираа зборовите кои ги изговори Винисиус Жуниор, сеќавајќи с…