Дома Фудбал Германија Хенес: Агентот на Алаба е алчна пирана, мисли само на пари

Хенес: Агентот на Алаба е алчна пирана, мисли само на пари

Давид Алаба не може да се договори со Баерн Минхен околу продолжување на соработката.

Имено, преговорите меѓу двете страни за продолжување на договорот траат веќе неколку недели, но решение не е на повидок.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Агентот на Алаба, Пини Захави, бара од Баерн петгодишен договор според кој неговиот клиент би заработувал 25 милиони евра годишно.

Ули Хенес, поранешниот претседател на Баерн денес „распали“ по агентот на фудбалерот.

„Во основа, се се врти околу парите. Тој веќе е во најдобриот клуб на светот, каде би сакал да оди? Има огромно влијание од надворешни фактори. Ние сакаме тој да остане бидејќи е одлично момче и добар фудбалер. Но, неговиот агент е пирана која граба пари, а неговиот татко е под негово влијание“, вели Хенес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …