Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон истакна дека повредата и напуштањето од игра на Салах беше пресудна во финалето на ЛШ.
Ливерпул без Египќанецот играше од 31. минута, што се одрази и на играта. Во продолжението Кралевите имаат повеќе од играта, а кога на тоа се додаде и лошите интервенции на голманот Кариус, Реал заслужено дојде до победата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Кога Мо излезе, Реал почна да доминира. Постигнаа водечки погодок од офсајд, но останавме во натпреварот. Верувавме дека можеме да вратиме, но примивме голови кои не требаше.“ – изјави Хендо и додаде:
„Одиме понатаму. Следи Мундијалот, а потоа новата сезоната почнува брзо. Горди сме на постигнатото оваа сезона. Ќе не боли овој пораз, но мора да продолжиме понатаму.“