Неколку дена по хеликоптерската несреќа во која животот го загуби Коби Брајнат заедно со својата ќерка и уште седум лица, американските медиуми објавуваат детали за несреќата.
Сега е објавено дека во хеликоптерот на Коби недостасувале неколку работи кои се важни за безбедноста.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хеликоптерот немал систем за скенирање на теренот и праќање предупредување. Овој систем е препорачан уште пред 14 години. Хеликоптерот немал и црна кутија, па податоците не се снимени, така соопштија од Националниот одбор за безбеден транспорт.
Дали системот кој би го скенирал теренот и испраќал предупредувања ќе го спасел хеликоптерот не е познато, но веројатно шансите би биле поголеми.
Хеликоптерот на Брајант беше „Сикорски“ и тој е произведен во 1991 година, додека овој произведувач системот за безбедност во своите летала започнал да го имплементира во 2005 година.