Дома Фудбал Англија Хари Кејн размислува за заминување од Тотенхем

Хари Кејн размислува за заминување од Тотенхем

Хари Кејн наводно размислува за заминување од Тотенхем по крајот на сезоната.

Како што наведува Телеграф, 26-годишниот напаѓач ќе ги разгледа опциите на крајот од оваа сезона, бидејќи во иднина сака да освојува трофеи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ова секако може да ги загрижи навивачите на Спарси. Неговото заминување ќе биде голем удар за тимот од Лондон, кој би останал без најдобриот стрелец.

Сепак, Кејн сака да освојува трофеи. Со Тотенхем тоа е тешко да се очекува и нема да биде никакво чудо ако напаѓачот побара трансфер по крајот на сезоната.

Во случај на продажба, Спарси за својата најголема ѕвезда можат да инкасираат неверојатни 150 милиони фунти, а интерес за него има од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Азар: Денеска се чувствувам како таксист!

Изминаа речиси три години откако Белгиецот Един Азар, по бурниот период исполнет со повред…