Дома Фудбал Англија Хари Кејн емотивно се раздели од Покетино

Хари Кејн емотивно се раздели од Покетино

Поголем дел од фудбалерите на Тотенхем емотивно се збогуваа со менаџерот Маурисио Покетино, кој вчера доби отказ.

Првата ѕвезда на Тотенхем, Хари Кејн испрати емотивна порака до Покетино и порача дека тој секогаш ќе биде негов менаџер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Шефе, секогаш ќе бидам благодарен што ми помогна да ги остварам своите соништа. Имавме неколку неверојатни моменти во текот на изминатите пет и пол години, што никогаш нема да ги заборавам. Вие не бевте само мојот тренер, туку и мојот пријател, и ви благодарам за оваа врска. Среќно во следната фаза, напиша Кејн на Твитер.

Шокирано од заминување беа и Деле Али, Винкс, Дејвис…кои исто така испратија пораки за Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Договор на повидок: Жоао Кансело пред враќање во Италија!

Португалскиот фудбалер Жоао Кансело ќе се врати во Италија оваа зима, каде ќе го облече др…