Супер ѕвездата на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден се обидува да го налути раководството бидејќи бара да го напушти клубот и да биде трејдуван.
Американските медиуми пренесуваат дека Харден вчера и завчера имал неколку кавги со своите соиграчи на тренинзите, а во една ситуација дури со топката гаѓал еден од своите соиграчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, Харден влегол во кавга со дебитантот Џејсон Тејсом па токму него непрецизно го гаѓал со топката.
Харден во претсезоната одигра само два меча за Хјустон и сака да биде трејдуван во Бруклин или Филаделфија.