Дома Видео Хаос на натпревар во ЛШ: Тепачка помеѓу две навивачки групи, напреварот мораше да биде прекинат

Хаос на натпревар во ЛШ: Тепачка помеѓу две навивачки групи, напреварот мораше да биде прекинат

Немили сцени во Малта на натпреварот од првото прелиминарно коло од Лигата на шампионите меѓу Хамрун и Макаби Хаифа.

Атмосферата на трибините беше вжештена од самиот почеток на натпреварот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


За жал, ситуацијата ескалира кон средината на вториот дел.

Дојде до тепачка и пресметка меѓу две навивачки групи, а гостинските навивачи фрлаа факели на теренот и на трибините.

Во еден момент факелот предизвика мал пожар на трибината, по што натпреварот беше прекинат. Осудувачко однесување на навивачите кои на ваков неславен начин ја отворија европската сезона.

Прекинот беше при резултат 0:2 за гостите од Израел кои доминираа во овој натпревар, па ваквото однесување на гостинските навивачи е уште поизненадувачки.

Искри имаше и пред стадионот, полицијата имаше полни раце работа, а шампионот на Израел сигурно ќе биде казнет по сите случувања во Малта.

Натпреварот беше продолжен и на крајот заврши со конечен резултат 0:4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Неверојатна грешка во Лигата на шампионите. Погледнете како Ренџерс прими гол

Клуб Бриж оствари значаен чекор кон главната фаза од Лигата на шампионите, откако во првио…