Милан ова лето доби нови, кинески сопственици и потроши голема сума за засилувања. Меѓутоа, „росонерите“ имаат очајни резултати и заостануваат 11 бода од местото кое води во Лигата на шампиони.
„Њујорк Тајм“ објави сторија за новиот газда на Милан, Јонг Ли и потврди дека членови на неговото семејство биле во затвор поради измама, но и дека призните за рудниците кои ги поседува се фантомски, односно дека нема таков бизнис.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Угледниот американски весник тврди дека никој од кинеските бизнисмени нема случнато за „Јонг Ли“, ниту со што се занимава неговата компанија.
Се уште не е јасно ни како успеал да позајми огромна сума на пари од престижен фонд како што е „Eliot“, иако овој инвестициски фонд е познат по тоа што соработува само со солидни компании.
„Марка“ денес пишуав дека УЕФА не верува во бизнис планот на Милан и дека можно е „росонерите“ да бидат исфрлени од европските натпреварувања (види ОВДЕ).
Како што пренесува угледниот шпански весник единствен спас за тимот од „Сан Сиро“ е да се квалификува следната сезона во Лигата на шампиони и така да ја среди лошата финансиска ситуација.
Ваквите тврдења ги демантираше генералниот директор Марко Фасоне кој изјави дека Милан има огромен комерцијален потенцијал и дека нема да има никакви драматични последици доколку клубот не се пласира во ЛШ следната сезона.