Аталанта денес го игра клучниот натпревар во Лигата на шампиони против Ајакс, но атмосферата во тимот е многу лоша, пренесуваат италијанските медиуми.
Имено, дошло до голем конфликт помеѓу тренерот Гасперини и првата ѕвезда Папу Гомез, па соблекувалната е моментално поделена.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Италијанските медиуми пренесуваат дека Гасперини ги живее последните денови како менаџер на Аталанта и после вечерашниот меч најверојатно ќе си поднесе оставка.
Гасперини имал конфликт со Папу Гомез, а во негова одбрана застана и Иличиќ, па поголем дел од играчите ја загубиле довербата во тренерот.
Ова е навистина голем удат за Аталанта, која изминатите години токму под воство на Гасперини бележи одлични резултати.