Дома Фудбал Репрезентации Хаос во авионот на Турција: Арда Туран исфлрен oд репрезентацијата!

Хаос во авионот на Турција: Арда Туран исфлрен oд репрезентацијата!

Изненадувачки вести пристигнуваат од Турција, Арда Туран беснеел после натпреварот против Македонија.

Арда Туран е исфрлен од репрезентацијата после вчерашниот натпревар против нашата репрезентација.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Фудбалерот на Барса бил лут и започнал да беснее кога видел дека во авионот се наоѓа 70 годишниот новинар Билал Месе, кој минатата година пишуваше дека постарите фудбалери на репрезентацијата барале парични бонуси за резултатите на ЕП на кое целосно потфрлија.

„Каде си Билал, јави се сега? Дали беше со нас кога ги пишуваше глупостите за бонусите? Од кого јас сум барал пари? Од кого сум барал бонуси? Дојди да се извиниш за сите тие глупости“, беснеел Туран и продолжил.

„Каква е оваа земја? Ти дозволија да влезеш со нас во авиониот! Ти мислиш дека јас сум како сите други? Кого сум молел за пари?! Јас попрво би престанал да се занимавам со фудбал отколку да дозволам некој да каже лош збор за мене и моето семејство. Кој е твој шеф? Знам, тоа е претседателот на ФС Турција! Ти си новинар на сојузот!“, завршил Туран.

После овој инцидент Фудбалскиот сојуз на Турција немал милост кон фудбалерот, па Туран денес ја напушти репрезентацијата.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Избран идеалниот тим за 2024 година

Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) го објави најдобриот т…