Ерлинг Халанд на крајот на сезоната сигурно ќе ја напушти Борусија Дортмунд, па гигантите веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.
Дортмунд ќе го продаде Халанд за 75 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула, а на тоа доаѓа провизија за менаџерот Мино Раиола и таткото на играчот, Алф-Инге, додека платата на самиот фудбалер ќе биде околу 30 милиони евра годишно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
ПСЖ е еден од ретките клубови кои може да издвои толку пари во моментов, па „светците“ важат како фавирити за неговиот потпис, кои готово сигурно ќе останат без Килијан Мбапе.
Француските медиуми пренесуваат дека приоритет за ПСЖ ќе биде Халанд, бидејќи веруваат дека Норвежанецот е идеална замена за Мбапе.
🚨 PSG’s priority transfer target to replace Kylian Mbappé this summer is Erling Haaland.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) February 7, 2022
(Source: Foot Mercato) pic.twitter.com/kWKGOyMlI3