Во својата судиска анализа ФФМ потврди дека Победа буквално беше ограбена за пеналот досуден за Силекс во вчерашниот натпревар.
Иако победата е убедлива (1:4), кратовци три гола постигна во последните 20 минути. Но, посебно спорен е оној со кој се најави победата. Додека резултатот беше 1:1 Силекс доби непостоечки пенал со кој зголеми на 1:2
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„На натпреварот Фк. Победа – Фк. Силекс одигран на 05.03.2023 година, анализирана е ситуацијата од 65 минута.
“Главен судија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.
65 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на гостите центрираше кон голот на домакините, играч од екипата на домакините пред линијата на 16- сетникот ја удри топката со рака која му беше во неприродна положба (одвоена од тело).
Погрешна одлука на првиот помошен судија кој му сигализираше на главниот судија и даде информација дека играта со рака на играчот на домакините е на самата линија од 16- сетникот, играта со рака на играчот на домакините беше надвор од 16- сетникот и требаше да биде слободен удар“, стои во анализата на ФФМ.