Управниот одбор на ФФМ вечерва го одреди терминот кога македонскиот фудбал ќе го добие наследникот на Илко Ѓорѓиоски.
Ќе потсетиме, Ѓоргиоски си поднесе оставка пред десетина дена, а како причина наведе негов ангажман во УЕФА.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Датумот на кој ФФМ ќе добие нов претседател е 1-ви септември, што значи дека во август потенцијалните кандидати ќе имаат полни раце работа со цел да ги убедат нивните колеги дека токму тие се вистинскиот избор.
До овој момент официјална потврда за кандидатура има поранешниот истакнат фудбалер на Вардар, како и тренер на Брегалница, Ренова, Осогово и саудискиот Ал Раед, Влатко Костов.