Репрезентацијата на Македонија како што е познато на Европското првенство ќе има чест да игра на фудбалски стадион во Дизелдорф и тоа против моќната Франција.
Натпреварот против Французите го играме на 10-ти јануари од 18:00 часот на „Меркус Шпил Арената“. Тоа ќе биде прв натпревар на првенството, а веднаш потоа домаќинот Германија ќе игра против Швајцарија во натпревар кога треба да биде поставен рекорд по гледаност на еден ракометен натпревар.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Стадионот во Дизелдорф деновиве беше претворен во ракометна арена, се постави терен и монтажни трибини кои ќе бидат дополнување за регуларните седишта. Македонија само првото коло ќе го игра во Диселдорф потоа се сели во Берлин каде што ќе се доигра групната фаза.
