Дома Фудбал Останато Фудбалскиот сојуз на Турција одлучи: Клубовите кои се откажаа од првенството, нема да бидат исфрлени во понизок ранг

Фудбалскиот сојуз на Турција одлучи: Клубовите кои се откажаа од првенството, нема да бидат исфрлени во понизок ранг

Фудбалскиот сојуз на Турција одлучи да им помогне на клубовите и фудбалерите кои се наоѓаат во подрачјата погодени од страшниот земјотрес.

Одлуката на извршниот одбор на турската куќа на фудбалот е сите клубови од тие региони од 1. март и официјално ќе можат да поднесат барање за напуштање на лигата, но од есен ќе се натпреваруваат во истиот ранг.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Односно, повлекувањето од актуелните првенства нема да доведе до нивно испаѓање во пониска лига.

Покрај тоа, Фудбалскиот сојуз на Турција им дозволи на играчите и тренерите од овие клубови до 15-ти март да ја променат екипата.

Поголемиот број клубови кои ќе ја продолжат сезоната ќе им помогнат на загрозените ривали со солидарни трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ужас пред дербито: Ѕид се урна врз навивачите – има загинати и повредени (Видео)

Едно лице загина, а 47 беа повредени за време на собирањето на навивачите на јужната триби…