Дома Фудбал Италија Фудбалот од денес е посиромашен: Збогум МАЕСТРО!

Фудбалот од денес е посиромашен: Збогум МАЕСТРО!

Фудбалскиот генијалец Андреа Пирло синоќа го одигра последниот меч во кариерата. Влезе во игра во самиот финиш, стадионот се крена на нозе и фудбалскиот „Моцарт“ замина во историја.

Неговата последна сезона во МЛС лигата беше полна со повреди и мачење, па на крајот одигра само 15 натпревари вкупно, па реши да му каже збогум на фудбалот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Пирло е еден од најдобрите фудбалери во последните две децении и плејмејкер каков што оваа игра ретко имала. Во своите 10 години во Милан освои се што можеше да се освои, потоа премина во Јувентус и ја промени историјата на „старата дама“.

Во 2006 година беше еден од најзаслужните за освојување на Светската титула со Италија и ќе остане споменик на фудбалот.

Збогум Маестро, беше чест да те гледаме!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Флик ќе ја „распадне“ Барселона: Јамал би можел да ја напушти Барселона – друг гигант ја следи ситуацијата!?

Голема борба следи за еден од најдобрите млади играчи на сите времиња, Ламин Јамал. Пари С…